Директорот на „Идризово“ го откри тунелот во затворот, го сменија само оти е од Алтернатива, реагира партијата

by fokus

Вчерашната акција во затворот во „Идризово“ што резултираше со откривање на еден тунел кој бил ископан долго време за бегство на затворениците, е токму резултат на ангажманот на директорот на Алтернатива, Шпенд Тахири, реагира партијата откако вчера откако беше објавено дека затвореници во „Идризово“ копале тунел и е спречено бегство од затворот, беше објавено дека Тахири е разрешен.

-Токму благодарение на совесното менаџирање на затворската институција од страна на Шпенд Тахири беа откриени, фатени и санкционирани безброј обиди за бегства и внесување на наркотични средства во затворскиот круг, вклучително и овој последниот, кој е круна на неговиот успех. Всушност, оваа акција во „Идризово“ се подготвувала подолго време и ќе биде запишана како историски успех на директорот на затворот во Идризово, велат од партијата.

Тие обвинуваат дека Министерството за внатрешни работи се кити со туѓи перја, со работата на некого кој го жртвувал и својот живот и животот на семејството.

-За информација на јавноста, Шпенд Тахири е сменет само заради тоа што бил кадар на Алтернатива. Но, се чини, дека нарцисите од династијата на ДУИ и недостојните за договори од СДСМ, очигледно се алергични на критики. Шпенд не е виновен што овие две партии ги уживаат последните денови на својата власт и ова состојба на паника ги тера да реагираат на штета на државните интереси, се додава во реакцијата.

Алтернатива излезе од владината коалиција, откако во владата влезе Алијанса за Албанците, по што кадрите од Алтернатива се сменија со нови.

Поврзани новости