Директорот на Градежен инспекторат купил два стана и автомобил во мандатот, ама не го открил потеклото на парите

by Fokus

Кривичен прогон и разрешување на директорот на Државниот градежен инспекторат Фатмир Арифи поради имот за кој нема обезбедено доказ за потекло на средствата бара Антикорупциската комисија.

Двата стана, во Чаир и Железара и автомобил вреден 18.000 евра тој ги купил во текот на својот мандат, па бил повикан на разговор и тврдел дека покрај тоа што директорува и продава половни автомобили, па така го стекнал имотот. Арифи не доставил никаква документација која би ги потврдила неговите тврдења за спорниот имот.

Антикорупционерите ќе поднесат до Обвинителството иницијатива за отварање кривична постапка според член 359а казната кој се однесува на прикривање на потекло на несразмерно стекнат имот казната се движи од шест месеци до пет години затвор како и парична казна и дземање на имотот.

„Од увидот во податоците во банките и другите финансиски институции во нашата држава за именуваниот и неговите членови од семејството со кое живее произлегува дека именуваниот освен редовните примања по основ на плата не остварува дополнителни приходи, а имајќи предвид дека истиот не достави докази за основот и потеклото на средствата за стекнување на становите и возилото не се докажа дека наведениот имот е стекнат како резултат на примања кои се пријавени и оданочени“, вели претседателката на Антикорупциска комисија Билјана Ивановска.

Арифи беше назначен за директор во октомври 2020 година.

Поврзани новости