735
Болниците во земјава ги полнат капацитетите. Се поголем е бројот на хоспитализирани. Директорот на градската болница „8 септември“ Христијан Костов во утринската анализа на Студио 10, на ТВ24, вели дека двојно е зголемен бројот на пациенти, а во болницата се носат и потешките случаи од внатрешноста.
-Болницата од септември веќе не е ковид центар, па сега има 50 кревети кои постојано се полни, вели Костов.
Според последните податоци на Министерството за здравство, во болниците се хоспитализирани рекорден број на заразени, односно 513 пациенти.