622
Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски денеска порача да се почитуваат мерките и луѓето да се воздржат од собирања во кафулиња.
„Ние постапуваме согласно одлуката на Владата. Многу објекти се осмелија во полициски час да отвораат. Сакам да апелирам – барем во полициските часови да не доаѓаат иснепкторите за да затвораме објекти. Сите кои одат во таквите објекти прават загрозување на нивните семејства. Свесни сме за трпението на граѓаните, но ние не можеме да даваме совети кога да се отвораат објектите. Се додека нешто не излезе во одлука, ние ќе постапуваме по старите одлуки“, рече Пауновски.