И покрај забраната за групирање и организирање забави, некои локали се уште не ги почитуваат препораките на Владата за заштита од корона вирусот.
Последен таков во низата беше локалот во ТЦ Бисер во Скопје, кој на први септември организираше забава, без никакво почитување на препораките.
Инспекторите на ДПИ имаат полни раце работа, особено овие летни месеци, вели директорот Стојко Пауновски за „Фокус“.
„Во изминатиот период постојано имаме проблеми со 30 локали кои не ги почитуваат мерките и препораките на надлежните институции. Останатите се придржуваат и ги почитуваат правилата. Инспекторите во ноќните смени имаат многу работа, но за среќа, тука се граѓаните кои пријавуваат до ДПИ со јавувања и испраќање на фотографии“, ни изјави Пауновски.
Јорданчо Цветаноски