Директорот на болницата „Камал Адван“ во северна Газа, Ахмад Кахлот, призна дека е офицер на Хамас.
Тој исто така призна дека оваа палестинска милитантна група ја користи таа болница како центар за воени операции, јавуваат израелските медиуми.
Кахлот, кој беше уапсен на 12 декември, наводно вакво признание и дал на израелската безбедносна агенција Шин Бет за време на сослушувањето. Тој наводно имал чин бригаден генерал, пренесува „Џерусалим пост“.
Во видеото објавено од Шин Бет и израелската војска, Кахлот им признава на своите испитувачи дека му се придружил на Хамас во 2010 година и дека дури 16 вработени во неговата болница биле членови на вооруженото крило на Хамас – бригадите Ал-Касам, вклучително и лекари, медицински сестри, болничари и друг персонал.
„Хамас ги вкрсти своите операции со функционирањето на болницата. Не само што криеше оружје во објектот, туку и држеше еден од заложниците киднапирани од Израел во болница и користеше амбулантни возила за транспорт на телата на луѓето киднапирани на 7 октомври“, рече Кахлот за време на испрашувањето.