816
Актуелниот директор на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски на 27 април пукаше со пиштол во Собранието и не е санкциониран, а тие што удрија по една клоца добија долгогодишни затворски казни, реча пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на денешната собраниска седница за пратенички прашања, обраќајќи се до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Актуелниот директор на БЈБ на 27 април носеше пиштол како обезбедување, спротивно на законската регулатива. Кој го санкционира него – праша Ковачки, додавајќи дека затворските казни за осудените за терористичко загрозување на уставниот поредок поради упадот во парламентот се неправедни.
Според него, секогаш кога власта нема аргументи ја враќа темата за 27 април.