Директорот на АВМУ бил во Шпанија, но тогаш таа земја не била во ризичните па си одел на работа

by Fokus

Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми, околу 8  март бил со семејството во Барселона, но бидејќи тогаш таа земја не била во ризичните продолжил да оди на работа.Тој за „Фокус“ појасни дека од денес веќе нема да оди на работа и ќе се стави во самоизолација.

На прашањето, зошто не е во самоизолација, Трајчевски рече „Во понеделникот се вратив од Шпанија, а во средата беше прогласена Шпанија за земја со висок ризик. Вчера бев на совет, а од денес не сум на работа бидејќи сум на погреб, почина брат на татко ми и ќе се ставам во самоизолација“.

Инаку, на Фејсбук фотографиите на кои е обележан и Трајчевски, пишува дека се објавени на 9.март.

Според информациите од СЗО, Шпанија е на петто место на листата високоризични земји во кои не е препорачливо да се патува бидејќи се смета за едно од најголемите жаришта на корона вирусот.

С.Т.

Поврзани новости