Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу вчера во полиција пријавил дека бил нападнат од сопартиец од Алијанса за Албанците.
-Вечерва во 19.40 часот во СВР-Тетово било пријавено дека во угостителски објект на улица ‘Маршал Тито’ во Тетово Д.Н. бил физички нападнат од К.О. од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираа доцна синоќа од СВР Тетово.
Небиу претходно отворено застана против одлуката на претседателот на партијата АА, Арбен Таравари на претстојните избори да настапуваат во коалиција со албанската опозиција и синоќа јавно го поддржа екс лидерот на партијата, Зијадин Села.
Небиу по нападот на социјалните мрежи сподели фотографија во друштво со поддржувачи, по која објави: „Може да ме убиете, но не можете да ме исплашите“.