Директорот Младеновски ја дообјасни изјавата „Мои пријатели ќе работат во новата компанија““

by fokus

По денешниот говор на директорот на ТИРЗ, Александар Младеновски во кој рече дека во новата фабрика „Балканлар Пластик“ ќе работат негови пријатели, вечерва тој испрати соопштение со дообјаснување за како што вели денешната негова изјава да не биде погрешно сфатена.

-Би сакал да потенцирам, со цел да не бидам погрешно протолкуван за моето денешно обраќање во употребената фраза ,,мои пријатели ќе работат во оваа нова компанија”. Koга го споменав тоа мислев на моите пријатели, врсници или луѓе на помлади години кои се подготвени за работа, а тоа се младите луѓе од нашата земја кои наместо да ја напуштат ќе имаат прилика да останат тука и да работат и заработуваат во сопствената земја, се вели во објаснувањето на Младеновски.

Поврзани новости