597
Претседателот на бордот на директори на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Џеват Исени, тврди дека пиштолот што го носел на појасот на свадбена веселба бил гасен пиштол.
„По објавата на Канал 5 демантирам дека пиштолов е тоа што тие мислат. Тоа е гасен пиштол, кој е само сигнален. Поседувам и уредна дозвола“, порача Исени.
На видеото кое го објави Канал 5, се гледа како тој води оро, додека носи пиштол на појасот.