584
Директорката на МНТ, Симона Угриновски е казнета со 15 отсто помала плата во наредните три месеци поради дивеењето на навивачите „Шверцери“ во оваа културна институција.
Запрашан за таа одлука, премиерот Зоран Заев кратко порача дека некој мора да сноси санкција.
„Има препорака од страна на Владата, но министерот согласно правилник и законски надлежности ќе ја донесе конечната одлука, заради тоа што тој е надлежен во делокругот на таа постапка. Но, Владата изрази јасна волја дека мора да има санкции за одредени непроцедурални постапувања“, истакна Заев.