Директорката на „Комунална хигиена“: Се справивме со мафијашките структури кои не дозволуваа ниту еден работник да ја извршува својата задача

by Fokus

Косана Мазнева, директорката на „Комунална хигиена“ на прес-конференција рече дека јавното претпријатие е во целосна кондиција и успешно се справија со блокадите на мафијашките структури.

„Се справивме успешно со структурите кои не дозволуваа ниту еден работник да ја извршува својата задача. Веќе неколку дена помала група на вработени повеќе од 15 години ја држат трета смена на претпријатието спротивно на законите и колективниот договор, а поголем дел од нив не се појавуваат на работа и го блокираат редовното работење. Истите не дозволија да се исчисти сметот на територијата на Град Скопје“ – рече Мазнева.

Таа посочи дека „иако навремено биле известени надлежните институции за блокадата од нив, на мафијашките структури им било дозволено да продолжат со блокадите“.

– Ниту јасм ниту Арсовска нема да дозволиме да продолжи самоволието на одредена група. КХС ќе продолжи со редовните работни обврски, секој мора да биде на ниво на хигиената. После еден часот по полноќ екипите се пуштени на терен и ве уверувам дека нема да има смет во ниту една населба, ќе работиме без застој. Заврши работата со мафијашките структури. Мојата работа како директор на КХС е да раководам со претпријатието. МВР и ЈО се известени за тие лица за кои имаме сомневања и имаме документи за нив кои можат да помогнат, се доставени до нив – истакна Мазнева.

Поврзани новости