Директорката на Инфективната клиника Стефановиќ е позитивна на ковид

by Фокус

Директорката на Клиниката за инфективни болести Милена Стевановиќ и тројца лекари се позитивни на коронавирусот.

Таа добила позитивен тест уште минатата недела, се лекува во домашни услови и има полесни симптоми.

Од Министерството за здравство велат дека во моментов нема случај на кластер или поголема бројка на заболени од ковид  во склоп на скопските клиники.

Претходно, на Клиниката за нефрологија се заразија повеќе од 20 вработени во исто време.

Поврзани новости