756
Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ информира дека на Клиниката вкупно се хоспитализирани 122 пациенти, од кои стотина се со тешка клиничка слика, околу 12 на неинвазивна вентилација, а најголем дел од нив се на поддршка со висока концентрација на кислород.
– Ова е најниска бројка, многу одамна не сме ја имале. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи, рече Стевановиќ.
Доктор Дејан Доќиќ информира дека во ковид центрите на инфективните клиники вчеравечер имало само три приеми и немало починати. Вкупно, како што посочи, има 104 празни кревети од вкупен капацитет од 220 кревети. Ниеден од нив нема потреба од неинвазивна вентилација или респиратор.