Директорката на Инфективна Стевановиќ, Андријана Будимир, Нина Фити избрани во Извршниот одбор на СДСМ

by fokus

СДСМ уште еднаш покажа силно, одлучно, одговорно и државничко однесување, покажа дека е локомотива на напредокот во државата. Темелот на новата политика, промените и новата енергија се обезбедени. Први сме во промените, во вредностите. СДСМ е носител на новото време, рече вечерва лидерот на партијата Зоран Заев по завршувањето на 26. конгрес и првата седница на Централниот одбор за избор на раководни органи и тела на партијата.

Соопштувајќи ги новите кадровски решенија и одлуки, Заев порача дека СДСМ почнува ново четиригодишно поглавје со јасно зацртани цели – европска иднина, економски развој, успешно справување со пандемијата, масовна имунизација, ред, правда и дисциплина, неселективно владеење на правото, европски стандарди дома, реализација на инфраструктурни проекти. Врвен приоритет, напомена Заев, е и „зелената агенда“, замената на јаглен со гас.

-Силна волја за успешен почеток и завршување на преговорите со ЕУ, добри меѓуетнички и добрососедски односи, се само дел од агендата. Ве уверувам дека наредните четири години СДСМ ќе биде одговорна сила која носи државнички одлуки, истакна Заев.

-Новиот состан на ЦО е доказ дека СДСМ продолжува да се менува. Поставуваме нови стандарди во политичкото дејствување. Овој состав е нова свежина, гарант дека промените во СДСМ не се случајни и стихијни, туку дека се континуитет со кој уште попосветено им служиме на граѓаните и државата. Тимот што победува не се менува, туку го надградува победничкиот менталитет. Таква особина имаат државотворните партии како што е СДСМ. Изгласен е предлогот за партиско освежување на Централниот одбор, две третини се нови лица. Составот е спој на искуството и нова енергија, содржи контуниитет и нови лица. Со ова правиме значајно освежување на најзначајниот орган, но го задржуваме искуството. Од 120 членови на новиот ЦО 60 се жени и 60 мажи, целона родова еднаквост. Млади се вкупно 45 члена или 37,5 проценти што е највисок процент во која било партија во државата, нагласи Заев.

Тој подвлече и дека има припадници од сите етнички заедници, што ја прави партијата уникатна.

Како што соопшти Заев на прес-конференцијата, за претседавач на ЦО е избран Перо Костадинов, актуелниот градоначалник на Валандово, додека членови на Извршен одбор се Ана Данева Маркова, Стефан Богоев, Нина Фити, Димитар Ковачевски, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Андријана Будимир, Благој Бочварски, Рената Јајоска, Петре Шилегов, Софија Пејкова, Мухамед Зекири, Мелиса Ценовска Серафимовска, Никица Бачоски, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Јована Трпчевска, Васко Ковачевски. Организациски секретар е Мартин Попов.

На новинарско прашање за неговата заменичка Лукаревска, Заев напомена дека со нејзиниот избор СДСМ испраќа силна и недвомсилена порака дека гради човечки капацитет, но ја запазува и родовата еднаквост, дела ги вреднува младоста и квалитетот.

-Уверен сум дека високата поддршка што ја доби Лукаревска ќе биде доволем мотив да одговори на предизвиците што ги носи партиската должност, потенцира лидерот на СДСМ. 

Поврзани новости