Директорката на Инфективна на листата на коалицијата „Можеме“, директорот на ЦЈЗ на листата на ДУИ

by Frosina Fakova

Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, каде се сместени и се лекуваат пациентите заразени со Ковид-19 и која изминатиот период е во фокусот на јавноста, е на кандидатската листа за пратеници на коалицијата предводена од СДСМ, „Можеме“. Таа е на 14-то место во Изборната единица 1, односно во скопскиот регион.

Нејзиниот колега, директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери пак е кандидат на пратеничката листа на Демократската унија за интеграции во истата изборна единица. Според неофицијални информации тој му е внук на кандидатот на за премиер од ДУИ, Насер Зибери. Од лекарската фела кандидат за пратеник е и др. Тодор Ношпал од партијата „Глас за Македонија“ на Слза Грчева во „Единицата“.

На кандидатската листа за пратеници од коалицијата „Можеме“ е и директорот на затворот „Идризово“, Боби Мојсоски предложен од ЛДП. Љупчо Балкоски близок соработник на лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Герогиевски е во третата изборна единица на листата на коалицијата предвоедна од СДСМ.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости