Директорката на „Детска радост“ не нарачувала храна и не купувала мебел за дома

by Fokus

Разрешената директорка на скопската градинка „Детска радост“ Анета Петровска тврди дека не прекршила ниту еден закон и ги демантира обвинувањата на Стефковски.

„Вчера беше објавена изјава од страна на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски во врска со разрешувањето на директорот Анета Петровска на ЈУДГ детска градинка „Детска радост“. Од причина што Анета Петровска е моментално на боледување поради влошена здравстеван состојба на малолетно дете, адвокатскиот тим на Петровска достави демант на наводите на градоначалникот“ велат од правниот тим на Петровска.

Демант

Инаку вчера градоначалникот Стефковски рече дека директорката „ нарачувала храна, си купувала мебел, но не за градинката, туку за потребите на менаџментот и користела службеното возило за приватни цели“.

Поврзани новости