555
Магдалена Филиповска Грашкоска, генералната директорка на Фондот за здравство, денеска на одржаниот брифинг се огласи по хакерскиот напад во нејзината институција.
Како што истакна таа, за овој случај е отворена истрага и верува во нејзино целосно разрешување и појаснување на целиот проблем.
„Не смеам да кажам дали некој ни побара откуп од страна на хакерите. Отворена е истрага и за ова не смеам да коментирам. Нападот беше насочен само кон виртуелните системи, додека податоците на граѓаните се чуваат во маскирана форма и не се читливи. Нема одлив на податоците на граѓаните. Гарантирам дека податоците на граѓаните не се афектирани“, рече таа.