1K
Директорката на данската Агенција за лекови Тања Ерихсен денеска се онесвести на прес конференцијата на која беше соопштено дека Данска веќе нема да ја користи вакцината на „АстраЗенека“.
Додека таа даваше изјава и објаснување за оваа одлука, наеднаш изгуби свест и падна. Неколку луѓе притрчаа да и помогнат, по што превентивно била пренесена во болница. Потоа беше соопштено дека таа се чувствува добро.