Директорите на Царинските управи на на Република Северна Македонија Бобан Николовски и на Република Бугарија Георги Димов одржаа билатерална средба во Софија
Директорите разговараа за добрата меѓуинституционална соработка како и за развојот на граничните премини долж граничната линија. Беше истакнато дека за исполнување на нивната важна улога за заштита на граѓаните и бизнисите денес, царинските управи работат со современи методи на контрола и анализа на ризик базирани на интегрирани модели.
Договорено е и активирање на соработката во различни области од специфичната царинска дејност. Договорено е во блиска иднина двете страни да одржат средба на највисоко ниво со поддршка на секторски работни групи. Билатералната средба беше во рамките на посетата на директорот Николовски на Софија по повод состанокот на високо ниво за зајакнување на регионалната соработка во борбата против трговијата со дрога по воздушен пат во Југоисточна Европа. Настанот е дел од 10-тиот состанок на Помпиду групата на Групата на Советот на Европа за соработка во борбата против трговијата со дрога на аеродромите во Југоисточна Европа (AIRSEE). Коорганизатор и домаќин на семинарот на високо ниво од бугарска страна беше Царинска агенција на Република Бугарија.