Мандатот на Зоран Ангеловски – директорот на Оперативно техничката агенција завршува утре.
Тој вчера ги повика медиумите на прес-конференција која требаше да се одржи денеска во пред Собранието, но од неговиот кабинет денеска стигна соопштение дека пресот се откажува на неопределено време поради неодложни обврски на Ангеловски.
– Ве известуваме дека поради итни и неодложни работи, најавената прес конференција на директорот на ОТА пред Собранието на РСМ во 11 часот се одложува на неопределено време – се вели во пораката до медиумите.
Ангеловски се уште нема наследник, прашањето останува отворено за тоа кој од петок ќе управува со оваа институција кај која е опремата за следење на комуникациите и каде се активираат судските наредби за оваа посебна истражна мерка.
Собранието со 83 гласа „за“ вчера донесе одлука за распишување оглас за нов директор на ОТА, а од Делегацијата на ЕУ побараа властите да обезбедат континуитет во работењето на агенцијата.