Компјутерска проверка на избирачкиот список или од врата на врата?

by Фокус

Од врата до врата, преку анкета на улица, или по пат на анализа на податоците во некои општини – ова се трите можни опции за проверка на избирачкиот список, разгледувани на денешниот состанок на работната група во рамки на Државната изборна комисија, на кој не присуствуваа претставниците на опозициските СДСМ и ДПА.

За владејачката ВМРО-ДПМНЕ најприфатлива е третата можност, бидејќи, според партискиот претставник Никола Тодоров, првите два модела може да доведат до апсурдни ситуации.

– Може да се најдеме и во комични ситуации, кога членовите на ДИК ќе тропаат по станови, па некој нема да сака да им отвори, друг нема да сака да се легитимира – рече Тодоров.

Абдулаќим Адеми од ДУИ, пак, истакна дека најважно е договорот да се постигне со консензус.

– Списокот да биде основа да поголема доверба во изборниот процес – посочи тој.

Од СДСМ соопштија дека беспредметно е дебатираат само за една од вкупно петте услови што бараат како гаранција за фер избори.

Поврзани новости