Дипломатскиот имунитет го спаси Владимир Билчик од апсење на Европрајд

by Fokus

Поединци барале Владимир Билчик, известувачот на Европскиот парламент за Србија кој учествувал на Европрајд и повикал на негово одржување и покрај првичната забрана од српската полиција да биде уапсен поради таквата постапка.

Ова го изјави српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин посочуваќи дека Билчик има дипломатски имунитет, а Србија е земја која ги почитува сопствените и меѓународните закони.

– Кога имате дипломатски имунитет, можете да бидете уапсени доколку ве фатат во извршување на кривично дело за кое се гони по службена должност за казна над пет години. Да бидеме реални, тоа така функционира и не може поинаку, рече министерот.

Вулин најави дека ќе поднесе кривична пријава против дел од учесниците на манифестацијата „Европрајд“ во Белград, а на одреден број лица ќе им издаде забрана за влез во Србија.

– Знаеме кои се тие, знаеме од каде се, знаеме од кои земји се. Има легален начин да се дојде до нив и ние ќе тргнеме по тој легален пат, изјави Вулин за ТВ Пинк, коментирајќи ги фотографиите направени пред црквата Свети Марко во Белград за време на Европрајдот.

Поврзани новости