Осуда и остра реакција од македонскиот дипломатски синдикат за одлуката на министерот за надворешни работи во заминување да ја испрати поранешната ТВ-презентерка Бесмира Ејупи, но и уште десетина други лица на испомош во дипломатско конзуларните претставништва.
Во најмала рака симтпоматично, но и некоректна е одлуката на министерот, велат од синдикатот.
„Очигледно е дека намерата е да се оди со некој вака заобиколен пат да се испраќаат дипломати заради некои други заслуги очигледно не е заради тоа дека во моментов има таква неодложна потреба во тие конзуларни претставништва бидејќи доколку се земе фактот дека годишно два до три дипломати може да се случи да одат на испомош заради реална можниост сега одеднав во една недела дека треба да одат 15 за нас е симптоматично во најмала рака и некоректно особено заради периодот во кој се наоѓаме, така што ние како синдикат ги осудуваме тие постапки иако секако ќе биде тоа под некоја закрила дека во моментот има потреба и зголемен обем на работа но сепак во една недела да се пратат 15 на испомош сметаме дека е некоректно и ние го осудуваме”, вели Веле Трпевски претседател на Македонскиот дипломатски синдикат.
Бујар Османи и пред две години се обиде да ја назначи Ејупи за конзул во Њујорк, но по низата реакции тогаш за нејзината професионална позадина и стручни квалификации, одлуката ја повлече. Образложението на МНР зошто се испраќаат 15 лица на испомош токму сега е поради тоа што летниот период имало повеќе работа.