427
Балканската турнеја на претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер ќе ја започне во недела со посета на Македонија. Јункер ќе го придружуваат високата преставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан.
Во Македонија засега се потврдени средби со претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев, по која средба ќе се одржи и заедничка прес конференција.
Посетата на Јункер ќе се поклопи со доаѓањето на тројката европратеници Иво Вајг, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн кои в недела ќе пристигнат во Македонија во рамки на процесот Жан Моне.
Тројцата пратеници ќе остварат средби во понеделник попладне со лидерите на главните политички партии.