Македонскиот дипломат Миле Миленкоски кој е дел од истрагата во Ерменија за извлекувањето на бизнисменот Бранислав Димитријевиќ и неговото носење во Македонија започна битка за враќање во Министерството за надворешни работи (МНР). Како основа за да се врати во дипломатската мрежа на МНР, Миленкоски го гледа поништувањето на потерницата од Интерпол поради која беше уапсен со Србија и притворен во Врање.
Во однос на неговата улога во случајот на извлекувањето на Димитријевиќ од Ерменија и зошто бил на приватниот лет со другите дипломати осомничени во Ерменија, тој вели дека бил доведен во заблуда.
–Се работи за еднодневна хуманитарна посета на Ерменија. Повеќе лица во Македонија во текот на 2019 година формиравме Здружение за работа со деца со аутистичен спектар. Колегата кој беше Иницијатор за регистрација на Здружението и негов Претседател, предложи да одиме во Ерменија на состанок со слични здруженија. Објасни дека за посетата можеме да искористиме авион кој оди од Скопје до Ереван и истиот ден се враќа во Скопје. По завршување на проект на кој работел еден македонски државјанин, фирмата за која работел му го плаќала авионот, вели Миленкоски.
Од се што се случувало во меѓувреме, Миленкоски вели дека е јасно дека патувањето било со друга цел, а невладината организација била параван за таквите намери. Сега се чувствувал изманипулирано.
-Морам овде да кажам дека не се амнестирам од одговорност за тоа што сум дозволил да бидам изманипулиран и за тоа чувствувам вина, која сепак не е во рамките на нарушување на законите, односно не е правна категорија, туку човечка верба во (не)луѓе кои имале друга намера, а мене ме довеле во заблуда, тврди Миленкоски.
Катерина Смилева Божиновска
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК