Светската хард рок атракција „Дип парпл“ ќе одржи концерт во Скопје, на 28-ми мај, на стадионот на АРМ.
Настанот е во организација на Авалон Продукција, од каде информираат дека билетите ќе бидат пуштени во продажба во среда.
За Фан Пит ќе бидат пуштени само 2.000 влезници по цена од 2.000 денари, додека за Партер цената на влезниците изнесува 1.500 денари.
Веста за концертот ги израдува љубителите на рок музиката. Легендарниот бенд е присутен на сцената повеќе од пет децении, а со хитовите остави траен белег во музичката историја.
Пред три дена на официјалната страница бендот објави дека тројца нивни членови се позитивни на Ковид-19, поради што го откажаа настапот на „Rock legends cruise“.
За периодот кој им претстои пак, во април и мај, веќе имаат објавено детали за концерти во Москва, Истанбул, Тел Авив…
Вики Клинчарова