Дино Мерлин ќе одржи предновогодишен концерт во Скопје

by Fokus

Популарниот босански музичар Дино Мерлин го најави својот предновогодишен концерт во Скопје. Настанот ќе се одржи во Арена Борис Трајковски во Скопје, на 27-ми декември, и тоа ќе биде негов предпоследен концерт годинава.

На новогодишниот дочек пак, ќе пее на истата локација како и лани, односно во Дубровник, во хотелскиот комплекс Риксос Премиум, каде влезниците во кои се вклучени две ноќевања за две лица се продааваат од 1.395 до 1.950 евра. За влезниците во Скопје неговиот тим информира дека ќе бидат пуштени во продажба од утре (петок), но нема информација која ќе биде цената.

Мерлин важи за еден од најбараните музичари во регионот, но воедно и за најплатените. Последен пат гостуваше во Скопје за новогодишниот дочек на плоштад во 2020 година.

Тогашниот градоначалник Петре Шилегов кажа дека настапот на Мерлин нема да го чини градот ниту денар, бидејќи бил платен од спонзори. Се шпекулираше дека неговиот хонорар изнесувал 84 илјади евра, но сумата официјално не беше потврдена. Дочекот со него беше еден од најмасовните во Скопје, со околу 60.000 посетители.

Вики Клинчарова

Поврзани новости