Четвртиот учесник во групната фаза на Лигата на шампионите во сезоната 2024/25 кој доаѓа од квалификациите е Динамо Загреб откако славеше против Карабаг и во Азербејџан – 2:0. Со вкупен резултат 5:0 на најубедлив начин го елиминираа својот ривал.
Хрватскиот клуб го контролираше натпреварот од самиот почеток на пресметката и по пропуштената шанса на Мартин Батурина, Марко Пјаца донесе водство во 32. минута, а до одморот видовме по една шанса на двете страни.
Со автоголот на Силва во 53. минута беа поставени конечните 0-2.
Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски поради мала повреда не настапи на овој меч, а поштеден беше и искусниот Аријан Адеми.
До крајот н амечот за издвојување беше уште само црвениот картон на фудбалерот на домашните, Медина во 88. минута.
Последните три слободни места во новото издание на Лигата на шампионите ќе се пополнат со последните три меча кои на програмата се вечерва, а во нив се среќаваат: Црвена Звезда – БОДО Глимт, Славија Прага – Лил и Слован Братислава Митјиланд.