Димовски: Заев донесе неодговорна и деструктивна одлука

by Фокус

Веднаш по пресот на лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција излезе и Илија Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој смета дека Заев денеска донел  неодговорна и деструктивна одлука бегајќи од разговори со кои треба да се трасира патот кој води кон избори и кон решавање на кризата.

– Зоран Заев денеска и заврти грб на Македонија и потврди дека неговата намера е продлабочување и ескалирање на кризата, затоа што тој и луѓето околу него можат да функционираат и да привлечат внимание само во време на криза. Заев со бегањето од разговорите закажани во Виена покажа дека само заради спасот на сопствената кариера има намера да ја држи Република Македонија уште долго во заложништво. На Зоран Заев не му е важна ниту иднината на земјата, ниту иднината на граѓаните – рече Димовски.

Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ било и ќе остане конструктивно кога е во прашање иднината на Република Македонија.

 

Поврзани новости