Вечерва во дебата на тв Телма Илија Димовски и Петре Шилегов со бројни меѓусебни обвинувања за хаосот во процедурата за вадење на лични документи.
„Лошо планирано и лошо организирано. Можеме да анализираме наназад. Мислам дека е стара вест да дискутираме за тоа кој е одговорен и кој го предизвикал хаосот. Од самиот факт дека Преспанскиот договор е катастрофален и штетен за македонските национални интереси до фактот дека дури и тоа што го потпишале со Грција не знаат ни да го спроведат“, изјави Димовски.
„Зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ користат свои врски, кабли или што и да е да вадат пасоши на Република Северна Македонија и потоа ја напаѓаат политиката што граѓаните ги принудила на таа работа. Јас не велам дека е добра организацијата. Меѓутоа, лицемерие е за себе да извадите пасош, а за другите да тврдите дека не треба“, рече Шилегов.