317
Директорот на АНБ, Виктор Димовски во петок пред Собраниската комисија ќе даде објаснување за издавањето на македонски пасош на украинскиот политичар, Олександар Онишченко.
Собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во петок 18-ти ноември ќе одржи седница со дневен ред: Улогата на Агенцијата за национална безбедност во безбедносната проверка на лицето Олександр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство.