Димовски: ВМРО-ДПМНЕ ја научи лекцијата

by fokus

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на ТВ 21 рече дека на овие избори се покажало дека ВМРО-ДПМНЕ ја научи лекцијата.

-Иако голем дел очекуваа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оди надоле и во изолација, морам да кажам дека овојпат се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ ја научила лекцијата. Програмскиот аспект беше многу подобар од оној на СДСМ, која некако арогантно влезе. Но, и оној сегмент однос со другите етнички заедници, ВМРО-ДПМНЕ ја прошири коалицијата, СДСМ ја намали. Митко Јанчев за одредени политики имал различни ставови од ВМРО-ДПМНЕ, но ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше и направи одличен резултат. СДСМ пак, Максим Димитриевски кој имаше различни статови, не го кандидираше, рече Димовски.

Поврзани новости