600
Вие имате избувлив дух, но имате поголемо искуство од мене, му се обрати пратеникот Илија Димовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ до претседателот на Собранието, Талат Џафери.
На ова Џафери му одговори дека граѓаните цело време следат што се случува и можат да донесат заклучок кој колку е нервозен.
Целиот проблем настана откако Антонијо Милошоски излезе на собраниската говорница без да добие одобрение за тоа. Собранискиот спикер не му дозволи да зборува и побара од него да се врати на своето место, што предизвика револт кај пратениците од опозицијата кои ја окупираа говорницата.