Димовски: СЈО ме обвинува заради тоа што многу зборувам во Собрание, откако ќе завршат судските процеси ќе тужам

by Fokus

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во интервју за А1он вели дека е обвинет за злосторничко здружување од страна на СЈО затоа што зборувал многу во собранието и најави тужба откако ќе завршат судските процеси.

– Единствено сум виновен заради тоа што премногу зборувам во Собранието, се друго го гледам и го чувствувам како еден политички притисок врз мене, така се однесувам и така ќе продолжам да се однесувам кон тоа. Сигурен сум дека низ една нормална постапка во судовите во одреден период ќе се докаже што е вистина а што не, а потоа секако ќе си ја барам правдата во насока на барање отштета од сите политички обвинувања кон мене – тврди Димовски.

 

Поврзани новости