Димовски: „Шарените револуционери“ на истиот начин протестираа пред домовите на пратениците на ВМРО

by Fokus

Пратеникот Илија Димовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Без ракавици” на Алфа ТВ истакна дека начинот на донесување на Законот за јазиците е преседан кој можеби ќе се повтори во иднина од некоја друга власт.

Тој потенцираше дека истите пратеници за време на Шарената револуција учествувале на протестите пред домовите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, додека сега тоа се повторува пред нивните домови

– Не го поддржувам таквиот пристап на протести, но да ги потсетам дека тие лично учествуваа во исти такви протести пред куќите на градоначалници, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во периодот на Шарената револуција – истакна Димовски.

 

Поврзани новости