675
Тоа што ВМРО-ДПМНЕ во моментот се наоѓа во опозиција, не е плод на волјата на граѓаните на Македонија, туку е плод на волјата на задкулисни игри меѓу политичките партии на зелена маса, на уцени и притисоци, изјави Илија Димовски, член на Извршниот комитет на оваа партија, која во Музејот на ВМРО го слави 27-миот роденден од формирањето.
-Тоа е неприродна состојба, заради тоа што секогаш кога се воспоставува некоја неприродна состојба има контрареакција. Јас верувам дека контрареакцијата на граѓаните на Македонија ќе биде уште поголема и уште посилна следниот пат на локалните избори – рече Димовски, изразувајќи надеж дека брзо после локалните ќе има и парламентарни избори.