Димовски пред пратениците го прочита членот според кој Заев не може да биде и министер и премиер

by fokus

Собранието денеска ќе дебатира за реконструкцијата на Владата, откако пратениците го отфрлија предлогот на пратеникот, Илија Димовски, точката да биде симната од дневен ред. Димовски го предложи ова повикувајќи се на членот 44 од Законот за спречување на корупција, во кој стои дека функцијата премиер и функцијата министер се неспојливи.

Откако го прочита членот од Законот, Димовски порача дека доколку се изгласа предлогот премиерот Зоран Заев да биде и министер за финансии, тоа ќе биде кршење на законот на највисоко ниво.

-Денеска е ден во кој Собранието ќе се произнесе дали ја сака европската перспектива или не, дали ќе ги применува законите, или ќе биде печатница.  Кршењето на член 44 ќе биде на највисоко ниво, затоа точката број 3, предлог за избор на членови, предлагам да биде симната од дневен ред – рече Димовски.

Тој претходно беше прекинат од собранискиот спикер, Талат Џафери, кој му укажа да се држи на дневниот ред, но Димовски инсистираше да го образложи својот предлог.

Против предлогот на Димовски гласаа 59 пратеници, а 35 беа за.

Поврзани новости