Димовски: Постои сомнеж дека и други предмети на СЈО биле инфицирани со „Рекет“

by fokus

Пратеникот Илија Димовски, кој е обвинет во случајот „Титаник“, на денешното рочиште побара судењето да запре се додека Советот на јавните обвинители не се произнесе за Катица Јанева.

-Предлагам судот да донесе решение до завршување на постапката на Советот на јавни обвинители и Собранието, и доколку одлуките бидат негативни по Катица Јанева, судот да ја прекине расправата, изјави Димовски.

Тој истакна дека постои опасност и други случаи на СЈО да биле зафатени со „Рекет“’

-Постои сомнеж дека и други предмети биле инфицирани со „Рекет“, како и дека и други политичари и бизнисмени биле користени за рекет,  па затоа би требало постапките да запрат, рече Димовски.

Претходно и адвокатот Димитар Дангов побара стопирање на судењето бидејќи како што рече, обвинителката Лиле Стефанова не може да го застапува обвиението, бидејќи единствената надлежна од СЈО, шефицата Јанева, била во притвор.

В.В.

 

Поврзани новости