580
Некогашниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во гостувањето во ТВ 24 говореше за случувањата во светот во изминатите пет месеци. Тој упати критики дека не постојат капитални инвестиции во државава и не се градат воопшто патишта.
„Поранешни министри најавуваат дека се потребни милијарда евра за да поделиме плати. Доаѓаме во ситуација кога со милијарда евра порано можеше долж цела држава да се направат автопатишта. Ние кога земавме задолжување за капитални проекти како болницата во Штип, имаше паники во општеството, се блокираа процесите и се испраќаа писма до ММФ и Светска банка“, рече Димовски.