610
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на прес-конференција побара Јавниот обвинител да биде предлоежен од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и наместо со просто мнозинство да се бира со двотретинско мнозинство. Целта е како што рече Димовски, да се постигне поголема инклузивност.
Предлог законот кој најавија дека го поднесуваат е спротивен на досегашното решение, според кое Јавниот обвинител е на предлог на Владата.
Тој најави дека законот го поднесуваат по скратена постапка. На новинарското прашање да даде оценка за досегашната работа на јавниот обвинител, Марко Зврлевски, тој одговори дека за тоа прашање веќе се изјасниле и не кажа конкретно како ќе гласа на пленарната седница за точката за негово разрешување.