459
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во реплика кон пратеничката на НСДП Соња Мираковски, истакна дека по Договорот од Преспа нема да може да се повикуваме на културно наследство настанато на територија на денешна Грција.
-„Дафино вино црвено“, Врања коња јавам јас“, и многу македонски песни што ги пееме и играме се настанати во Егејска Македонија. Дури и седум-осминскиот тактс е настанат таму. Конечно, Крсте Мисирков, врз кој ја темелиме националната и јазичната идентификација, никогаш не живеел на територија на денешна Македонија – рече Димовски.
Тој додаде дека Македонците во соседните држави не може да се третираат како дијаспора, туку, како што истакна, Уставот ги препознава како автохтон дел од тие територии.