Димовски: Ниту бегам, ниту се кријам, јас сум чесен човек

by fokus

Покана од Судот не сум добил. Ниту од некого бегам, ниту од некого се кријам, затоа што немам никаква потреба за тоа. Не ми преостанува ништо друго, освен самиот да се јавам за да го дадам мојот исказ, изјави за Дојче веле пратеникот Љупчо Димовски, откако во дел од медиумите беше објавено дека тој е меѓу лицата кои се уште не и се достапни на полицијата.

„Покана од Кривичен суд се уште немам добиено. Јас сум постојано на адресата од личните документи. Сите изминати денови сум во мојот дом или ги извршувам работните обврски во партиските простории, во почетокот на неделата во Собранието или на координативните состаноци на пратеничката група на Коалицијата ‘За подобра Македонија’… Цело време сум достапен, активен, се среќавам со пратеници и граѓани, се движам, се појавувам на одредени јавни места и во очекување сум на поканата за да можам да се произнесам, за што сум во постојан контакт со мојот правен застапник. Јас живеам сам во мојот дом и никој друг не може да прими никаков документ, затоа што освен мене нема кој друг да отвори врата. Иако, многу лесно е да ми биде врачен на кое било од местата каде што работам, се движам или престојувам. Во оваа ситуација не ми преостанува ништо друго, освен самиот да се јавам за да го дадам мојот исказ, за што сум целосно согласен и подготвен“, изјавил пратеникот Димовски за Дојче Веле.

Во однос на кривичното дело за кое се сомничи, Димовски е дециден дека не може да прифати какво било обвинување против него, затоа што е чесен човек и никогаш никому не сторил какво било зло.

Поврзани новости