Пратникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, реагираше на денешната собраниска седница поради тоа што од 17 точки на дневен ред, 10 се за предлог закони по скратена постапка. Димовски им посочи на пратениците од владејачкото мнозинство да се откажат од таквата пракса од принципиелни причини. Тоа што ја критикуваа таквата пракса во време на ВМРО-ДПМНЕ, а сега ја повторуваат, според Димовски, ги прави полоши.
-Сите 10 предлог закони по скратена постапка ги добивме утринава, или во текот на денот, а последниот пред 15 минути. Невозможно е да се стигне бар да се прочитаат. Пратениците не знаат за што гласаат, тоа го тврдам. Нема ниеден кој ги прочитал сите 10, не верувам ни дека Тунтев ги прочитал, освен ако не го менаџирал процесот. Може сега да возвратите дека во време на ВМРО-ДПМНЕ исто така имало закони по скратена постапка, и ќе ви речам во право сте, ама кога еднаш сте критикувале нешто што не чини, а го правите и вие, тоа ве прави полоши – рече Димовски.