473
Избирачкиот список не се прави врз база на регистар на осигуреници во здравство, земјоделци кои добиваат субвенции или писатели кои добиваат пари за издавање книги, туку врз база на регистар на државјани на Република Македонија што го води Министерството за внатрешни работи, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
„Според тој регистар на државјани, бројот на државјани е над 2,4 милиони, од кои околу 1,8 се полнолетни. Гледам дека поддржувачи на СДСМ ги критикуваат СДСМ зошто не го пречистиле списокот. Не ги критикувајте, тоа е тоа, не можат да бришат од список ако некој е државјанин. Плус, списокот пред 2 години го прочистуваше ДИК раководена од СДСМ“, напиша тој на фејсбук.