570
На денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски се осврна и на работата на Специјалното јавно обвинителство, за кое обвини дека не ја врши работата за која е формирано и дека работи врз основа на партиската агенда.
Димовски рече дека ВМРО-ДПМНЕ немала ништо против Специјалното јавно обвинителство, но биле против неговата екипа.
На крајот додаде, оти верува дека во прислушуваните материјали постојат и докази за злоупотреба на државните пари од страна на општина Струмица.
Инаку,во фокусот на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ беше вчерашниот масовен протест на Шарената револуција, зад кој партијата обвини дека стојат „маскирани хулигани, платени од СДСМ да демонстрираат анархија”