633
Владо Димовски од Центар за толеранција и доживотно учење во разговор за Радио Слободна Европа смета дека МОН изгубило многу време во носењето на одлуки во однос на почетокот на новата учебна година во време на пандемија.
„МОН имаше време, но веќе нема. Министерството како по обичај доцни, многу доцни со протоколите и одлуките, па затоа и такво ни е образованието. МОН имаше време да организира онлајн средби, состаноци, консултации со голем број наставници кои и без повикот на МОН даваа предлози како да се справи образованието со новонастанатата состојба уште од првите денови на прекинот на наставата. Според мене МОН нема основен план, а камоли резервен“, посочи Димовски.