533
Поранешниот пратеник Илија Димовски на ТВ21 истакна дека францускиот претседател Емануел Макрон не нарекол два пати Северномакедонци, но потоа , според него, тој ја сменил изјавата со цел да не убеди да го прифатиме предлогот.
-Емануел Макрон, претседателот на Франција, два пати претходно, во две свои изјави не нарече Северномакедонци, за потоа за два дена да ја смени изјавата кога треба да не убедува да го прифатиме предлогот. Извинете, но тука имам задршка – вели Димовски.
Тој тврди дека нема бугарски пасош, а нема информации дека таков пасош има некој од челниците на ВМРО-ДПМНЕ.