Димовски кон Макрадули: Јани, три години имаше да направиш нешто, ние не правевме театри!

by fokus

Бурно е денеска на дебатата за аерозагадувањето во Собранието и продолжуваат препукувањата помеѓу опозицијата и владејачката партија.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски упати остри критики кон заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули.

„Јани, три години имаше да направиш нешто. Дали може да обезбедите комплетен список и количини на сите фирми во Македонија кои увезувале петрол кокс и отпад? Донесете го тој список да го видиме. Не дишиме воздух, дишиме материја. Ние не шетавме по улици, не ги лажевме граѓаните, со маски, правевте театри. Ти беше одличен пратеник во опозиција, само за тоа те бива. Скопје е прв најзагаден град“, истакна Димовски.

Поврзани новости